Шутаров: Град Скопје е во колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е една година на колапс и хаос во главниот град. За 12 месеци нема ниту еден нов реализиран проект од програмата на градоначалничката Данела Арсовска рече на прес конференција советникот на СДСМ во Град скопје Гордан Шутаров.

– Нема ниту реализација на наследените проекти од СДСМ, како реконструкцијата на универзална сала, изградбата на мостовите на булевар АСНОМ и улица Љубљанска, а стои и изградбата на клучката кај Момин поток. Колапс се случува со јавниот превоз. Пред неполн месец, за првпат во историјата главниот град остана без јавен превоз. Денес ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е раскинат а вториот превозник не вози поради неисплатени обврски. Во колапс се и други јавни претпријатија а пред се поради неспособноста на раководствата кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема рече Шутаров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он