Штрајк на грчките цариници – патнички возила се пропуштаат само на Евзони

Од:

Граничните премини со Грција се затворени поради 24-часовен штрајк на грчките цариници.

На граничниот премин Стар Дојран штрајкот почна вчеравечер од 21 часот при што се пропуштаат само пешаци, а не и патнички и товарни возила.

Грчките царински служби на граничниот премин Евзони ноќеска на полноќ стапија во генерален штрајк кој ќе трае 24 часа. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини, односно 60 минути блокада и 15-ина минути пропуштање.

Од утрово во 7 часот почна штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24 часот. Се пропуштаат само патници кои патуваат пеш, додека возилата не се пропуштаат во период на штрајкот.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски