Што се случуваше вчера во селото Луковица кај Македонска Каменица

Од:

Полицијата го приведе мажот кој вчера на Бадник со огнено оружје повреди две лица во селото Луковица кај Македонска Каменица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 46-годишниот В.М. со ловна пушка пукал во 39-годишниот В.М. и 19-годишнта девојка А.К., сите од истото село.

Двајцата повредени веднаш биле пренесени во Медицински центар Кочани, од каде поради сериозноста на повредите биле препратени во Клинички центар Скопје.

По пријава на случајот, полициски екипи од пронашле и привеле напаѓачот, а се превземаат и мерки за целосно расчитување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена