Што научија младите од регионалната соработка во ЕУ?

Од:

Партенрствата меѓу регионалните младински организации се клучни во решавањето на заедничките проблеми, посочија претставниците на младинскиот сектор на денешната конференција „Наравоученија од Регионалната Младинска Соработка“.

Активистите од организации од над 30 европски држави со овој дијалог имаат за цел да поттикнат социјална кохезија во регионалната соработика и работа со Европските младински програми.

Националниот младински совет (НМС) е платформа за соработка помеѓу различни организации, истакна претседателката на НМС Ивана Давидовска, додавајќи дека освен големата поддршка во создавањето на НМС од страна на младиските совети од регионот, тие се надеваат на позитивно искористување на искуствата научени при воспоставување на дијалог за теми кои се од заеднички интерес на сите младински совети од регионот.

„Преку програмата Млади во акција многу организации стапија во контакт со организации од други земји“, посочи Соња Митер од САЛТО Регионалниот центар во Словенија, порачувајќи дека научените лекции од оваа соработка треба да бидат употребени во идните планирања со цел локалната видливост и промени од проектите да биде посилна.

Снежана Манчева од Националната Агенција истака дека програмата Млади во Акција во Македонија помогнала во зајакнување на младинските организации како и во воспоставувањето на долгорочна соработка во младинскиот сектор.

Учесниците на конференцијата ги презентираа и препораките за подобра регионална соработка барајќи од институциите можности во новите програми за млади на ЕУ да се вклучат и потенцијалите што ги нуди регионалната соработка за развој на младинскиот и регионалниот сектор.

На конференцијата присуствуваа претставници на граѓанскиот сектор, креатори на политики и претставници на институции.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

A1on

Ковачевски: Да се посветиме на вештините кај младите за да го искористиме потенцијалот

(ВИДЕО) Експертите согласни: Во земјоделието се искористуваат сите капацитети

Трибина на тема „Младите и религијата“

Ана Ололовска

Трибина „Биоетичка едукација“ на Филозофскиот факултет

Ана Ололовска