Што „клин“ им стана PYKA?

Од:

Пишува Рамадан Рамадани, еден од основачите на „Pyka“ (клин)

Минатата недела во Скопје се основаше движењето „Pyka“, (клин), движење во кое членувам и јас, а Институт за слободна мисла „Нисма”, која ја предводам е една од седумте организации кои од почеток го поддржуваа ова движење.

Движењето се основаше во еден политички момент и во време кога јавноста со нетрпение очекуваше што ќе произлезе како политичка акција од албанците, после еклатантниот аргумент за политичка нерепрезентативност, што се покажа со масовните протести кои се одржаа во Скопје и во другите градови во Македонија.

Интересот и љубопитноста направиа, основањето на „Pyka“ да биде третирано во јавноста, повеќе и порано, од самата временска динамика на основањето на ова движење. Кога на ова ќе се додадат и муабетите за нова политичка партија кај Албанците, муабет кој беше потхранет од Мерсел Биљали, еден бивш политичар, направи да се објават имињата на инициаторите на ова движење.

Ова беше единствено можно решение во тој момент, после вториот состанок, кога на другите работи кои ги направи „Pyka“, како изборот на името, логото и проширувањето на поддршката и вклученоста на организации и поединци во движењето, се додадоа и имињата на актуелните членови.

Сите организации и поединци беа повикани да се приклучат на движењето, во еден неселективен и транспарентен процес но со акцент на овој процес, почетно само во Скопје. Така објавувањето на имињата колку што служеше за дистанцирање од муабетите за нова политичка партија толку и обзнануваше кој всушност се иницијаторите и оснивачите на „Pyka“.

Ова го кажуваме и заради еден друг аргумент кој треба да го знаат симпатизерите и членовите на „Pyka“, кои, со право, сметаат дека ова беше избрзан чекор. А тоа е фактот дека партиските штабови, видно вознемирени, веќе подготвуваа спинови и муабети за тоа кој и што е „Pyka“.

Така во еден таков неавторизиран текст кој имав прилика да го читам на „Фејсбук“ беа оцрнувани и псуени и многу други луѓе, ни криви ни должни. Луѓе кои немаа никаков контакт со „Pyka“ и кои дури не беа запознаени со процесот на основање. Нивен единствен грев беше што беа јавни личности, учени и авторитетни луѓе. Факт кој сам по себе ги правеше тие луѓе да се „сомнителни“ за партиските штабови дека се или дека стојат позади „Pyka“.

Почетниот акцент да биде ставен на Скопје донесе до пораст на паниката помеѓу редовите на скопскиот огранок на ДУИ, кои на било каков начин гледаа да наштета на основањето на движењето „Pyka“. Ова доведе до тоа , седум членови да го напуштат движењето.

По овој повод сакам да подвлечам два момента. Првиот е дека со ова ДУИ манифестираше екстремен страв од било каков вид полтичка акција или движење но и фактот дека овој пат немаше никаква индикација за закана или за употреба на физичко насилство над оние врз кои требаше да биде извршена пресија. Ова е многу значаен момент кој мислам дека е големо достигнување на „Pyka“ уште од нејзиното основање. Ова се должи на етаблираните авторитети на основачите на движењето, нивната хетерогеност како и на карактерот и функцијата на движењето. Карактерот и функцијата на движењето останува како задача уште повеќе да се објасни во јавноста, токму како што беше случај во првите две соопштенија на „Pyka“.

Друг значаен момент е застанувањето на еден медиум против движењето уште на самиот почеток. Не знам до крај зошто ваквите суштества го прават ова, но мислам дека како преставници на секташко јавно мислење, ним по дефинциија им пречи било какво организирање на авторитетот. Тоа им ја намалува можноста тие да можат да влијаат секташки на општото јавно мислење.

Друга поволност за движењето од атакот на ДУИ е неможноста после ова “Pyka” да биде озборувана како нешто кое има врска со ДУИ, начин и форма која ДУИ самата многу пати ја има употребувано за да неутрализира граѓански акции и иницијативи. А тоа доаѓало и како последица на тоа дека со граѓанските акции и инцијативи, со самото тоа што биле легитимни им пречеле на нелегитимната ДПА. Така кога ДПА ги напаѓала нив, тие автоматски можеле да се перцептираат како блиски до ДУИ.

Мислам дека „Pyka“ како клин успешно го расцепи овој јазол на перцепцијата во јавност која помогна во неутралноста на движењето но и за нејзино вистинско перцептирање како граѓанска инцијатива и организирање.

Земајќи го во предвид сето ова, чинам дека „Pyka“, со тоа малку што стигна да го сработи во овој временски период е успешна, и дека нападите всушност донесоа долгорочна симпатија која може да се претвори во поддршка, а потоа и во директна вклученост на многу луѓе во ова движење. Чинам дека е доволно „Pyka“ да продолжи да се објаснува себеси и да не се забие во клиновите кои и се подготвуваат од актуелните полтички центри и да направи брза, честа и континуирана работа и акција.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Орце Костов

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Орце Костов

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска