Штипското Здружение на телесни инвалиди бара субвенционирање на сметките за вода

Од:

Штипското Здружение на телесни инвалиди „Мобилност“ бара нивните членови целосно или делумно да бидат ослободени од плаќање надоместок за потрошена вода.

Претседателот на здружението „Мобилност“, Штерјо Николов вели доколку надлежните локални институции донесат позитивна одлука ќе престане неправдата што им била нанесена на нивните членови, кога општината реши да субвенционира дел од сметките за вода на членовите на Здружението на слепи лица.

– Со ова барање на Здружението би требало да бидат опфатени околу 550 лица со телесен инвалидитет, кои се групирани во седум групи и тоа лица со детска церебрална парализа, ампутација, дистрофија, мултиплекс склероза и други коскени и мускулни заболувања, вели Николов.

Барањето е доставено до Советот на Општина Штип, а матичните комисии треба да го разгледуваат и да донесат одлука дали и членовите на Здружението на телесни инвалиди ќе бидат субвенционирани при плаќањето на сметките за вода.

Ваква одлука Советот на Општина Штип донесе за членовите на Здружението на слепи лица, со што субвенциите изнесуваат 500 денари месечно. Доколку сметките се повисоки, во тој случај членовите ја доплаќаат разликата.

Би можело да ве интересира

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра

Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце