Штипските улици се дезинфицираат за време на полицискиот час

Од:

Екипи на Територијалната противпожарна единица, комуналното претпријатие „Исар“ и на приватни фирми вршат дезинфекција на улиците низ градот Штип. Градоначалникот Благој Бочварски вели дека дезинфекцијата се врши со четири возила и ќе продолжи и утре односно додека трае викендов полицискиот час. 

На веб-страницата на Општина Штип може да се видат и телефонските броеви на супермаркетите кои вршат достава на намирници до граѓаните, а една такси-компанија се има пријавено за превоз на патници. Осум ресторани и пицерии вршат достава на храна за граѓаните. На веб-страницата се наведени телефонските броеви на кои граѓаните можат да се јават.

Мобилните тимови на Општина Штип заедно со волонтерите на Црвен крст Штип вршат достава на намирници за старите и изнемоштени лица. Досега од нив помош побарале над сто граѓани.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски