Штипските студенти реагираат на блокадата на буџетот

Од:

Студентскиот парламент на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска изрази револт поради блокадата на опозицијата за донесување на буџетот за 2013 година. Претседателот Горан Стаменков рече дека недонесувањето на државниот буџет ќе влијае на стандардот на студентите.

– Секој студент во Република Македонија живее и опстојува од парите за стипендии и кредити, блокирањето на буџетот значи дека сите студенти ќе бидат оставени без пари кои им се потребни и со кои се школуваат. Политичкиот инает и пазар не смее да го загрозува образованието на младите и да ја доведува во прашање нашата иднина, рече Стаменков.

Тој нагласи дека опозицијата треба да има предвид оти со политичките интереси се загрозува и нивното образование и реновирањето и изградбата на нови студентски домови, кои нема да се реализираат ако не се донесе буџетот за 2013 година.

Студентскиот парламент при УГД-Штип апелираше опозицијата да престане со блокадата во интерес на студентите кои се подготвени и за масовни протести доколку тоа не се случи.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари