Штипскиот универзитет се оценува од надворешни евалуатори

Од:

Надворешни евалуатори од Европската асоцијација на универзитети една недела ќе бидат присутни на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев на денешената прес-конференција истакна дека експертите од Англија, Франција, Туриција, Словенија и Србија треба да ја оценат работата на универзитетот од сите аспекти. Тој смета дека надворешната евалуцаија е добра со цел да ги видат недостатоците, а добрите работи да ги продолжат и унапредат.

– На универзитетот се надворешни евалуатори од Европската асоцијација на универзитетите, кои треба да направат надворешна евалуација по сите негови делови во поглед на неговата едукација што ја прави со студентите, истражувачките активности, соработката со другите универзитети во Европа и во светот, соработката со стопанството, неговата општествена одговорност. Мислиме дека ова е добар момент да се погледне УГД во светлото на она што значи универзитет „Гоце Делчев“, вели Боев.

Тој истакна дека ова не е прва надворешна евалуација, пред три години раководството на штипскиот универзитет самиот побарал ваква евалуација, а сега оваа надворешна евалуација е финансирана од министерството за образование. Боев смета дека како отворена и транспарентна високо обраозвна институција ова ќе помогне во кои делови УГД-Штип треба да го подобри своето работење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски