Штипскиот градоначалник Бочварски бара да се укине плаќањето на паушалот за градинките од април наваму

Од:

Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски денеска на прес-конференција соопшти дека ја почнал процедурата за барањето за укинување на основните паушали во градинките за изминатите месеци, од кога овие установи не работат.

„Денес сме исправени пред одлука во однос на плаќање на основните паушали во градинките за изминатите месеци. Се работи за паушал кој е наменет за тековно работење, одржување и за материјални трошоци (нафта, струја, постелнини
играчки мебел создавање на нови содржини, итн. Во оваа ситуација после повеќе консултации со раководствата на двете детски градинки и претседателот на советот, како Градоначалник денес од управните одбори на градинките барам според редовната процедура да се отвори постапка за укинување на наплатата и на основниот паушал на родителите за месеците
април, мај, јуни, јули и август,“ рече Бочварски.

„Ако бараме солидарност мораме да знаеме дека Општина Штип ќе биде првата институција која ќе биде солидарна во нашиот град, заедно со градинките и останатите институции. Со овој потег уште еднаш покажуваме на дело дека се грижиме за потребите на граѓаните, се солидаризираме, помагаме,“ додаде штипскиот градоначалник.

Постапката ќе започне денес со негов предлог до управните одбори на двете детски градинки, а ќе продолжи во Советот на Општина Штип, вели Бочварски.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он