Штипскиот филолошки факултет додели награди за најдобрите есеи и цртежи на тема

Од:

Филилошкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска свечено им ги додели наградите на учесниците од конкурсот за најдобар цртеж и есеј, а насловен „Јазикот и неговата комуникациска моќ“. Деканката на Филолошкиот факултет Драгана Кузмановска вели дека овој настан е дел од одбележувањето на 10-годишнината од постоењето на овој факултет.

– Интересот за овој конкурс беше голем, имаме многу учесници им благодариме на сите што зедоа учество и се надеваме дека оваа традиција и понатаму ќе продолжи. Ова е и доказ дека Филолошкиот факултет го негува својот мајчин јазик, вели Кузмановска.

Раководителот на катедрата за македонски јазик и книжевност на Филилошкиот факултет, Виолета Димова рече дека идејата за конкурсот насловен „Јазикот и неговата комуникациска моќ“ ја дале нејзините млади колеги, а на овој начин тие го промовираат мајчиниот јазик, но исто така и факултетот пред идните студенти.

Пристигнати се 139 есеи за македонски, околу 40 за англиски и 30 за останатите странски јазици.

Прашана колку младите знат правилно да го говорат мајчиниот јазик, но и да пишуваат, Димова смета дека изучувањето на македонскиот јазик во последните години е на некое пониско ниво.

– Не знам, зошто е тоа така, веројатно заради мислата, идејата дека мајчиниот јазик си го знаат по инерција и си го зборуваат, говорат. Меѓутоа радува фактот дека и тие што се малкуте, што се запишуваат на катедрата за македонски јазик и книжевност се трудат и сфаќаат дека всушност изучувањето на мајчиниот јазик, а како што јас умеам да им кажам многу често, е сличен на изучувањето како странскиот јазик, бидејќи граматиката колку и да мислиме дека ја знаеме, сепак треба да ја учиме школски, вели Димова.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски