Штипски полицаец се повредил бркајќи тинејџер кој крадел дрва со коњска кола

Од:

18-годишен штипјанец доби кривична пријава за спречување на службено лице во вршење на службено дејствие, откако бегал од полицајци кои го фатиле како краде дрва со уште двајца соучесници, соопшти полицијата.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Д.(18) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 12.02.2021 во Штип, на место викано „Калдрма“, пријавениот со уште две лица биле затекнати од полициски службеници како крадат дрва со запрежна коњска кола, при што се обидел да избега, но бил спречен и приведен, a при приведувањето со повреди се здобил еден полициски службеник,“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал