Штипската болница нема кадар, на оглас бара здравствени работници и технички персонал

Од:

Штипската клиничка болница го објави огласот за прием на 17 здравствени работници и технички персонал. Огласот е објавен вчера и заинтересираните веќе можат да аплицираат.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев вели дека огласот е за вработување на медицински сестри, болничари, физиотерапевти и по еден специјалист невропсихијатар, психолог и стоматолог.

-Огласот го објавивме вчера. За болничарите рокот за пријавување е три работни денови, додека за останатите е пет работни денови. Согласноста од страна на министерствата ја добивме во текот на годината, но поради изборите во Штип, можевме да го распишеме оваа недела, вели Георгијев .

Тој истакнува дека со новиот План и програма за работа на Клиничката болница и за наредната година се предвидени нови вработувања во овој регионален болнички центар. Очекува наредната недела до 31 декември да пристигне и одговорот од Фондот за здравство за буџетот на болницата за 2021 година.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко