Штипската болница бара европски пари за две Одделенија

Од:

Штипската Клиничка болница преку проекти од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија бара европски пари за два проекта.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека проектите се аплицирани во соработка со Центарот за развој на Источно-планскиот регион и се однесуваат за реновирање на Инфективното одделение и набавка на апарати за Физикачна терапија.

– Едниот проект е за реконструкција на Инфективното одделение тежок 140.000 евра, кој се надевам дека ќе го добиеме. Тоа е таа зграда која што ќе остане надвор од новиот објект на Клиничка болница-Штип и што треба да ја реновираме како што треба, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов во зградата на Инфективното одделение, која е градена за да ги задоволи капацитетите на пациентите за целиот источен регион е сместено и Одделението за неврологија, кое како што вели Ѓеорѓијев, ќе биде преселено во новата зграда на Клиничка болница-Штип. Вториот проект е за набавка на апарати за Одделението за Физикална терапија.

– Тоа е проект во вредност од 20.000 евра, со кој е предвидена замена на целокупната медицинска опрема за Физикалната терапија, вели Ѓеорѓијев.

Штипската Клиничка болница, но и општините, јавните претпријатија и останатите државни институции од источниот регион резултатите од аплицирањето за средства од Програмата за меѓугранична соработка Македонија – Бугарија ќе ги знаат за два месеца.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му