Штипјани вечерва ќе маршираат со здружената опозиција

Од:

„Сојузот на иднината“ денеска во градот под Исарот во 18 часот ќе го започне својот мирен марш. Говорници на вечерашниот Граѓански парламент во 18 часот во Штип ќе бидат Стојан Шумански, поранешен фудбалер на ФК Брегалница, Маријана Рогожарска член на Извршниот одбор на СДСМ од Штип, пратеничката Маринела Тушева, нејзините колеги Билјана Казанџиска, Здравко Коцев, кандидат за градоначалник на Штип и Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.

– Зборното место е во 17.30 часот во населбата Автокоманда, а маршот завршува пред „Стопанска Банка“ во центарот на градот, велат од СДСМ.

Вчера пак, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на мирниот протест во Струмица изјави дека „враќање во парламентот нема, единствен излез од оваа криза се предвремени парламентарни, фер избори. Овие денови се случуваат настани кои ќе ја одредуваат судбината на Македонија, влогот е голем и од битката нема повлекување.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ