Штипјанец починал на пат кон болница откако на работа се здобил со тешки повреди

Од:

50-годишен штипјанец починал на пат кон скопскиот клинички центар каде тррбало да биде пренесен од болницата во Штип поради сериозни повреди кои ги здобил додека извршувал работни задачи управувајќи товарно возило информираат од МВР.

„На 02.07.2021 во СВР Штип е пријавено дека околу 10.00 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки“ – се вели во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Почина писателот, професор и преведувач Георги Сталев Поповски

Скриен арсенал муниција и гранати откриен покрај локален пат кај Гостивар

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство