Штип: 29 новозаразени и ниту еден оздравен од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Од:

Штип и денеска е втора општина по бројот на новозаразени со коронавирусот на здравствениот билтен. Потврдени се 29 нови случаи, со што бројката на активни во градот на текстилната индустрија се искачи на 409. Епидемиолозите не очекуваат наредните денови да се намалува бројката, бидејќи денеска имале голема гужва на пунктот.

-Нашиот тим само денеска зема вкупно 100 брисеви, дел се нови, но имаме и контролни. Се земаат брисеви од суспектни случаи, на пример ако жената е болна се појавуваат симптоми кај сопругот и го тестираме. Најголем дел од случаите денеска се со упат преку матичен лекар, вели Марија Димитрова, директор на Центарот за јавно здравје во Штип.

Во штипскиот регион денеска нема регистрирани оздравени пациенти од Ковид-19. Епидемиолозите бараат од граѓаните да ги почитуваат мерките, кои во основа се само три правила кои ќе помогнат да не се шири вирусот, а тоа се: носењето маски, држењето физичка дистанца и честото миење на рацете.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски