Штетите од невремето во Кумановско 27 милиони денари

Од:

Над 27 милиони денари е штетата од поплавите што го зафатија Кумановско во феврауари годинава, стои во Извештајот што денеска го усвои Советот на општината.

– Штетите по населбите, селата и улиците се 20.692.681 денари, додека на земјоделските култури, добитокот, живината и обработливите површини 1.629.534 денари. Општина Куманово за згрижување 196 лица во спортските сали на две основни училишта и чии домови претпрпеа штета од излевањето на реките одвои милион денари, изјави Зоран Павловски од Секторот за локален економски развој.

Над 3 милиони денари се штети на мостот на Крива Река кај Бељаковце.

– Во овој сегмент не е влезен мостот на реката Пчиња кај селото Пчиња бидејќи овие поопсежни проценки треба да ги изврши стручна комисија,  рече Павловски.

До Општината пристигнаа 495 барања, најголем дел од граѓаните. На терен се седум комисии.

Извештајот за штетите во кумановско е веќе доставен до владината комисија за проценка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово