Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Од:

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е 75% од месечната плата на обвинителката Фатиме Фетаи.

Ибраими рече дека СЈО дејствува како инквизиција и дека обвинило 5 управни судии за донесена одлука. Toj пред судиите рече дека доказите се лажни и непостоечки.

„Со инсинуации, претпоставки и лажни докази направиле правна конструкција”, рече Ибраими.

Тој истакна дека одлуките во ДИК не се носат со надласување, како што пишува во обвинението, туку со мнозинство гласови.

Воведни говори во моментов даваат адвокатите на останатите обвинети во предметот „Титаник 2″.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска