Шпет Исеини од Алијанса за Албанците ја претстави програмата пред граѓаните во Дебреше

Од:

Кандидатот за градоначалник Шпат Исеини и потесното раководство на Националната демократска преродба, вечерва во Дебреше, гостиварско, присуствуваа на отворање на изборен штаб.

Исеини, кој е кандидиран од коалицијата „Алијанса за Албанците“ на политичките партии НДП и Унитети, од сопратијците и симпатизерите ја побара поддршката на претстојните избори, за да како што рече излезе вистината за Гостивар.

– Каде и да одиме ќе ја кажуваме вистината за Гостивар, па тука во Дебреше. На 15 октомври дефинитивно треба да се ослободиме од заложништвото во кое се наоѓа на општина Гостивар. Сé во нашата работа и раководење ќе биде транспарентно и без можност за корупција. Нашите идни советници веќе потпишаа изјави дека се обврзуваат да ја реализираат програмата, рече Шпат Исеини кандидат за градоначалник.

Тој нагласи дека наскоро ќе ги демаскираат сите кои се обидуваат да ја сокријат вистината, укажувајќи на нивните политички конкуренти.

Обраќање пред пристните имаше и лидерот на Националната демократска преродба и пратеник, Весел Мемеди.

– Конкурентите на овие избори требаше да се повлечат кога ние го предложивме Шпат Исеини за кандидат и требаше да го поддржат. Тоа го заслужува и тој и неговото семејство. Луѓето кои се во неговиот тим знаат да го направат обелоденувањето на вистината и тоа директно и јавно, рече Весел Мемеди, претседателот на НДП.

На собирот се обрати и носителот на листата за членови на општинскиот совет, Љуљета Азири наброи неколку од проектите кои треба да се реализираат во едно најголемите населени места во општина Гостивар, а зборуваше и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлију.

Би можело да ве интересира

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски