Шкријељ: Секој пензионер за една година ќе добие дополнителни 9.000 денари на сметка

Од:

Санела Шкријељ членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и градоначалникот Драган Анастасов вечерва се сретнаа со пензионерите од Пробиштип со кои разговараа за подобрувањето на пензионерскиот стандард, но и за други актуелни прашања.

„Јануарската пензија на секој пензионер во државата исплатена во февруари е повисока за 722 денари. Ова зголемување не е ад хок, влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец. Со тоа секој пензионер за една година ќе добие дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки. Има разлика од претходно. ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година даде усогласување на крајот од годината коешто беше околу 600 денари. Кога оваа сума ќе се подели на годишно ниво излегува дека месечно пензионерите добиле по околу 50 денари“ , истакна Шкријељ на средбата со пензионерите.

Таа рече дека зголемувањето е направено во услови кога пензискиот систем се стабилизира, дефицитот е намален, а приходите во фонот за ПИО се зголемени за 10%.

Градоначалникот Драган Анастасов рече дека Пробиштип ќе добие дом за стари лица.

„Со преадаптација на левото крило од Здравствен дом „Нада Михајлова“ во старечки дом ќе обезбедиме простор за сместување на 50 лица“, рече Анастасов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Се поместува возраста за пензионирање во Србија

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали сум во право или грешам за одлуката на Уставен за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Горан Наумовски