Шкријељ: Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот

Од:

Правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикувам наставниците интересот на децата да го стават на прво место. Голем број на родители денеска се обидуваат да се организираат за денешниот ден заедно со своите деца, поради штрајкот на наставниците рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21% што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар. Во исто време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници и стручни соработници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати. Бараме од ВМРO-ДПМНЕ да прекине со политизација на штрајкот на СОНК, тоа е на штета на наставниците и на учениците рече Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски