А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шкријељ: На лицата без лични документи законски им обезбедуваме права како на сите други граѓани, ќе добијат прв извод

by А1он18/02/2020 - 09:56242
Share0

Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без лични документи. Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, обезбедена е институционално-правна рамка за тие конечно да добијат граѓански идентитет, соопшти денеска кабинетот на дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Добивај вести на вибер

Целта на овој закон е лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, по што ќе добијат идентификациска исправа (лична карта) заради остварување право на образование, здравствена и социјална заштита како и вработување со задолжително социјално осигурување. За овие лица, Законот предвидува постапка за дополнителен упис во матична книга на родените и добивање прв извод.

-Проблемот со лицата што не се евидентирани во матична книга на родени е нотиран одамна, но бил игнориран од надлежните институции. Такви лица, наспроти јавната перцепција, има од сите етнички заедници. Наша определба во изминатиот две и полгодишен период беше дека овие лица, кои најчесто се од најранливите општествени слоеви, не смееме да ги оставиме да живеат на маргините на општеството. Затоа почнавме со систематско и фазно решавање на ова прашање, во соработка со другите институции: МВР, Управата за водење матични книги и центрите за социјална работа како и со силна поддршка на меѓународните организации, ОБСЕ и УНХЦР. Беа идентификувани околу 700 лица без извод на родени, и тие согласно новиот Закон ќе добијат идентификациона исправа а потоа и прв извод од матична книга на родени, вели дополнителната заменик министерка Шкријељ.

Таа додава дека Законот овозможува решавање на реалните проблеми со кои со години се среќавале овие луѓе, а биле невидливи за заедницата.

-Со новиот Закон, ќе им се овозможи на лицата кои што немаат и не можат да пријават адреса на живеење поради различни причини, како што е нелегализиран објект или непоседување имотен лист, да пријават адреса на живеење и да се евидентираат на адресата на центарот за социјални работи во местото на нивното живеење, нагласува Шкријељ.

Со имплементацијата на овој Закон една маргинализирана категорија на граѓани станува правно видлива, со што Република Северна Македонија покажува дека ги почитува демократските вредности и исклучувањето на дискриминација, согласно меѓународните норми и стандарди.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен