Шкријељ: Мизрахи уште еднаш потврди дека работи против интересите на граѓаните, продолжувајќи да шири невистини

Од:

„Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со денешната прес-конференција уште еднаш потврди дека работи против интересите на граѓаните, продолжувајќи да шири невистини и пропаганда за наводно неработење на Центрите за социјални работи.

Граѓаните треба да ја знаат вистината, а тоа е дека центрите за социјални работи функционираат без никакви пречки и сите реформи кои се направени изминатиот период носат само бенефит на корисниците на правата и услугите“, се вели во реакцијата на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ на прес-конференција на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

„Техничката министерка за труд и социјална политика уште пред да седне во министерската фотеља требаше да знае дека новиот начин на функционирање на ЦСР го намали обемот на работа затоа што врзувањето на правата и услугите доведе до намалување на бројот на домаќинства за кои еден стручен работник ќе биде одговорен. На овој начин се зголеми квалитетот на работа на стручните работници, кои лани летото добија историско зголемување на платите од вкупно 26% за една година. Центрите континуирано добиваат стручна помош од Министертвото за труд и социјална политика и од меѓународните организации, преку менторирање и супервизија а предвидена е и дополнитена стручна помош и обуки соодветно на потребите.

Системот на работа и организација на центрите за социјална работа (ЦСР) е во процес на реорганизација и прилагодување на новите законски решенија. На процесот му претходеше темелна анализа на која Министерството за труд и социјална политика работеше со домашни и странски експерти, со поддршка на Светска банка, УНИЦЕФ и УНДП. Беше констатирано дека начинот на организација на центрите е неопходно да се промени и да се воведе интегрирано водење на случај како метод на работа.

Законот за социјална заштита е донесен и стапи во сила во мај лани. Обуките за примена на новиот начин на работа на центрите за социјална работа почнаа уште во 2018. Беа обучени сите стручни работници и 30% од стручните работници во центрите за вработување. Откако законот стапи во сила, извршени е втора серија на обуки на сите стручни работници.

Законот дефинира дека стручните работници во работа со кориснисците на социјална заштита го применуваат принципот на водење на случај, што подразбира еден стручен работник да работи со едно домаќинство, истовремено се проценуваат потребите и се даваат права и услуги. Со тоа на граѓаните им се олеснува пристапот до правата и услугите. Ако се стремиме кон ЕУ треба да ги следиме европските и светските трендови на имплементирање на методот на интегрирано водење на случај, како најдобра пракса за корисниците на правата и услугите од областа на социјалната заштита“, се вели во реакцијата на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска