Шкријељ: Градинка за 120 деца во Ресен, децата ни се врвен приоритет

Од:

Ресен добива градинка за 120 деца. Вкупната вредност на зафатот е 22,4 милиони денари, во кои Министерството за труд и социјална политика учествува со 20,8 милиони денари. Средствата се обезбедени со поддршка на Светска банка. Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски направија увид во адаптацијата на градинката.

„Се грижиме за најмладите. Децата се нашата иднина. И во оваа градинка тие ќе учат и ќе го осознаваат светот, ќе се социјализираат и ќе се развиваат во љубопитни и истрајни личности. Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат и затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот. Обврска на институциите од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме“, рече дополнителната заменик-министерка Шкријељ.

Владата и Министерството за труд и социјална политика континуирано работат на зголемување на опфатот на деца во предучилишните форми на воспитување и образование, затоа што раното учење игра клучна улога во развојот на децата и истовремено овозможува активирање на родителите на пазарот на труд. Со поддршка на Светска банка, до јуни 2024 ќе се обезбедат 7.500 нови места во градинките. Само во две и пол години се вложени повеќе од 180 милиони денари во подобрување на инфраструктурата во детската заштита. И преку програмата на Светска банка, обезбедени се 15 милиони евра, за дополнителни инвестиции во градинките. Минатата година платите на стручниот кадар во градинките пораснаа за 26 проценти.

Градоначалникот на Ресен Гошаревски изрази задоволство што и оваа градинка е во програмата на Министерството. Со тоа што се отвораат нови места за опфат на деца, многу им се помага на семејствата каде родителите работат.
Шкријељ и Гошаревски го посетија и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Во моментов го користат осум лица, за кои е обезбеден превоз, престој и храна, како и помош за корисниците и семејствата.

„Социјалните сервиси, како што е овој дневен центар, треба да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство, и да бидат мост со другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите“, нагласи Шкријељ.

За корисниците на Центарот се реализира воспитно-образовна работа преку прилагодени програмски содржини.

Би можело да ве интересира

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Горан Наумовски

Негувателка во Радишани тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

Орце Костов