Шиповиќ: Рангелова ми седна на биро

Од:

Поранешниот претседател на Советот во Општина Центар, Мирослав Шиповиќ на денешното рочиште за „шамарите во Центар” рече дека на седницата која се одржувала на 10 јуни тогашната советничка од ВМРО-ДПМНЕ, сега обвинета во случајот, Даниела Рангелова заедно со Томислав Лазаров му седнала на бирото во просторијата каде се одржувала седницата со цел да го оневозможи во работењето.

Рангелова на претходно кажаното од страна на Шиповиќ дека цело време разговарала на мобилниот телефон го запраша експретседателот на Советот како можела да ги прави тоа кога од големата галама ништо не се слушало во судницата.

На ова Шиповиќ одговори дека Рангелова имала специфичен глас кој се слушал и покрај гласните граѓани кои протестирале надвор.

– Имаш некој посебен глас, јас барем секогаш те слушав кога ми велеше „претседателе, претседателе“, и рече Шиповиќ на Рангелова.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он