(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ ќе потроши 3,5 милиони евра народни пари, трампа во која се крие сомнителна бизнис зделка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ планира да потроши 3,5 милиони евра, пари на граѓаните за набавка на стара и нефункционална зграда за потребите на ЈП Комунална Хигиена. Во најавената трампа на имот со фирмата Унитајарс Сити на која треба да и бидат доплатени овие 3,5 милиони евра се крие сомнителна бизнис зделка во која ќе бидат оштетени граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој истакна дека за оваа зделка нема ниту економска, ниту било каква друга оправданост.

– Согласно овој договор, ЈП Комунална хигиена треба да доплати 3,5 милиони евра за административна зграда во руинирана состојба, а да отстапи атрактивен деловен простор во центарот на Скопје. При тоа, не се решава горливиот проблем со паркирањето на возилата на ова јавно претпријатие. Згора на се, за паркирање на овие возила, ЈП Комунална хигиена ќе продолжи да плаќа месечна закупнина во износ од 12.000 евра токму на Унитајарс Сити, рече Шилегов.

Според него, на граѓаните на Скопје не им се потребни овие милионски трошоци, особено што владата нема пари да ги исплати соодветно поплавените граѓани, а како што рече, се покажа и дека ниту градот Скопје ниту Република Македонија немаат основни средства и алатки за справување со криза.

– СДСМ бара одлуката за размена на недвижен имот помеѓу ЈП Комунална хигиена и приватната фирма Унитајарс Сити итно да биде повлечена. Во спротивно, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски штитат нечии криминални бизнис интереси кои стојат зад оваа сомнителна зделка, рече Шилегов.

На новинарско прашање, Шилегов одговори дека и покрај сите напори на ВМРО-ДПМНЕ да се оневозможат фер и демократски избори во Македонија, тоа нема да се случи.

– До крајот на оваа година ќе имаме фер, слободни и демократски избори на кои што криминалните деструктивните и антидржавните политики на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени. Сведоци сте дека во Република Македонија два пати се оддолжи одржувањето на избори затоа што не беа исполнети условите. Всушност, ако беа исполнети условите зошто ВМРО-ДПМНЕ прифати да го потпише послендиот анекс кој што овозможува да се створат услови за избори на 11 декември, рече тој.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он