Шилегов: Со новиот систем за елиминација на огнови на отворено направивме 524 интервенции за две години

Од:

Во однос на борбата против загадувањето на воздухот многу е важно што на трите главни фронта – индустриската прашина, сообраќајот и затоплувањето на домовите, Градот Скопје веќе почна со имплементација на своите главни стратегии, истака градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој наласи дека во однос на јавниот превоз, веќе е почната постапка во Миистерството за финансии.

– Успеавме како град да се избориме за финансиска поддршка со кредитно задолжување на државата и постапката веќе е во тек. Вчера имав и работен состанок со претставници на една од развојните банки која е подготвена да го поддржи овој проект со цел да влеземе во негова имплементација. Моите очекувања се дека тоа ќе биде видливо некаде кон крајот на идната година. Станува збор за стратешко решавање на проблемот со јавниот транспорт во нашиот град, имајќи предвид дека претходно системот за јавен транспорт бил фокусиран на релацијата исток – запад, односно Ново Лисиче – Ѓорче Петров. Тука имаме релативно квалитетна документација којашто сега може да послужи како основа за побрза имплементација. Она што паралелно го работиме ние како град и што на крајот на денот ќе го понудиме како целосен систем е решавање на релацијата север – југ, односно од Бутел до Кисела Вода. Линиите ќе се вкрстуваат некаде кај Црвен крст, објасни Шилегов.

Тој смета дека е на крај правниот лавиринт на односи Град Скопје, Влада, Регулаторна комисија, ПУИК и БЕГ и дека конечно претпријатието ќе успее да ја добие потребната лиценца.

– Прерано е да зборуваме за тренд, ама во последниве две години имаме намалување на загадувањето. Јас ќе чекам да влеземе стратешки со решавање на сообраќајот и затоплувањето. Мислам дека тогаш ќе имаме уште поубави резултати. Не знам на што се должи оваа појава, ама знам што направил овој град откога јас го водам, посочи Шилегов.

Шилегов појасни дека во 2017 година Инспекцијата за животна средина има извршено 159 инспекции, во 2018 година – 376, а во 2019 заклучно со 31 октомври – 431. Комуналните редари на Град Скопје, пак, во 2017 година извршиле 832 контроли, во 2018 година – 901, а во 2019 година – 1.528.

– Без систем, по случајност, кај огнови на отворено во 2017 година Градот има интервенирано во 56 наврати. Оваа градска управа воспостави целосно нов систем за елиминација на огнови на отворено, па во 2018 година имаме 251 интервенција, а во 2019 година – 273, наведе градоначланикот на Град Скопје.

Тој додаде дека оваа година е воведен систем на бесплатно собирање отпад од стрништа и се собрани 700 кубни метри биолошки отпад кој по правило претходно се палел.

– Битката со аерозагадувањето ќе ја добиете со намалување на бројот на загадени денови во текот на годината. Во последните две години имаме намалување на тие денови. На мерната станица Гази Баба број на денови со среднодневни концентрации на ПМ10 над граничната вредност во 2015 година бил 56 дена, во 2016 година – 62, во 2017 година – 49, а во 2019 – 27. На мерната станица Ректорат број на денови со среднодневни концентрации на ПМ10 над граничната вредност во 2015 година бил 47, во 2016 година – 69, во 2017 година – 66, во 2018 година – 76, а во 2019 година – 46. Број на денови со среднодневни концентрации на ПМ10 над граничната вредност на мерна станица во Центар во 2015 година – 64, во 2016 година – 63, во 2017 година – 44, во 2018 година – 54, а во 2019 година – 31. Број на денови со среднодневни концентрации на ПМ10 над граничната вредност во Карпош во 2015 година – 55, во 2016 година – 64, во 2017 година – 54, во 2018 година – 60, а во 2019 година – 24, истакна Шилегов.

Градоначалникот посочи дека е свесен оти темата со загадувањето е на високо ниво на интерес, но и на загриженост кај секој од нас.

– Свесен сум и дека за дневно политички потреби некој свесно стимулира и лажно прикажува ситуации кои ги нема во реалноста. Кога размислуваме за Скопје размислуваме за Скопје како што го познаваме во нашите административни граници. Но, тие граници не се аквариум. Затоа, апелирам до градоначалниците од опозицијата, особено во Илинден, Петровец и во Сопиште да преземат активни мерки против загадувањето. Ние како град сериозно се бориме против овој проблем и затоа треба да дејствуваме во скопската котлина зашто воздухот нема граници и сите општини во скопската котлина треба паралелно да влезат во оваа битка. Не мислам дека од оваа тема треба евтино политички да профитираме. Гарантирам дека оваа битка на среден рок ќе ја добиеме, овој град ќе има активна политика и нема да бега од проблемите, нагласи Шилегов.

Би можело да ве интересира

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски