(ВИДЕО) Шилегов: Се отвора можност за разрешување и именување нов член на ДИК

Од:

Со измените и дополнувањата на Изборниот законик се отвора можност за започнување постапка за разрешување на еден од членовите на Државната изборна комисија (ДИК) и именување на претставник на движењето БЕСА, изјави денеска пратеникот Петре Шилегов од СДСМ.

Според него, со скратени рокови за избор на нов член на ДИК би можело да се стаса пред локалните избори да се иманува нов член на Комисијата, со што исто така би се рефлектирала актуелната состојба.

– Се воведуваат одредби за разрешување на политички претставници во ДИК за да може да се преслика ситуацијата во ДИК – двајца претставници од најголемата владејачка партија, еден од втората, двајца од најголемата опозициска партија и еден од втората по големина опозициска партија. Во случајов претставник којшто ќе треба пред започнување на изборната постапка да го именува БЕСА, рече Шилегов.

Измените и дополнувањата на Изборниот законик денеска беа изглсани во Собранието откако беше постигнат политички договор меѓу парламентарните партии.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски