Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување концерти.
Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.
– Со обезбедените буџетски средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме после широката подршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната Сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација, изјави Шилегов.
Воедно, тој нагласи дека оваа реконструкција не ги задоволува потребите на граѓаните на среден и долг рок.
– Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно собраќајни решение за пристап и ред други технички стандарди од ваков тип е нешто што мора да му се случи на Скопје, час по скоро, посочи Шилегов.
На овој настан присуствуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која наведе дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.
Постојат повеќе готови проекти за изградба на нова коцертна сала. Јас сум за проектот „Јајце”, зошто да не, тоа е работен проект, подготвен. Но, исто така разгледуваме и други можности, надеве министерката Стефоска.
Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година одвоени се средства во износ од 120 милиони денари.
Меѓу другото, министерката Стефоска, потсети дека Универзалната сала е изградена со финансиска помош од повеќе држави меѓу кој Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Според неа, овој објект ќе остане траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година.