(ВИДЕО) Шилегов: Нема повеќе „Сваровски“ судство

Од:

Разрешувањето на Зврлевски е прв чекор кон создавање независен и слободен правосуден систем. Нема повеќе „Сваровски“ судство, рече Петре Шилегов од СДСМ.

Тој вели дека Македонија на последните избори гласаше за промени и за систем каде сите ќе бидеме еднакви. Исто така, тој кажа дека и покрај опструкциите од страна на опозицијата, тие промени ќе се случат.

– Македонија повторно ќе застане во друштво со демократските земји, рече Шилегов.

Во врска со изборот на нов јавен обвинител, Шилегов рече дека секој кој е способен да ја врати правдата во Македонија е добредојден во процесот за избор на нов јавен обвинител.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски