Шилегов: Мојот син нема деловен простор во Ист Гејт, „привезокот“ доодработува за газдата

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ја демантираше информацијата пуштена на социјалните мрежи од претседателот на Левица, Димитар Апасиев дека неговиот син имал сопственост на деловен простор во новиот Ист Гејт Мол.

-За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие избори. Како што веќе покажа, „привезокот” дообработува за газдата.

Скопјани не се наивни луѓе. Џабе ги потценувате. Мојот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот East gate.
П.С. Вашата омраза кон сѐ што живее, нема да ја победи мојата љубов кон Скопје и скопјани, напиша Шилегов.

Претходно Апасиев на социјалните мрежи напиша дека синот на Шилегов имал деловен простор од 350 квадратни метри, додека останатите луѓе немале ниту 100 денари да им дадат на децата.

-Лузерите Шилегов и Заев го токмеле и форсирале отворањето на Ист Гејт, да биде баш пред вториот изборен круг – за да прокнижат некое поенче, ко божемски, демек еве ние “инвестираме”.

И се тоа ќе си беше ОК, да не ја дознавме веста дека синот на скопскиот Крадоначалник во заминување, на свои 20-на години, поседува дури 350 квадрати екстра луксузен деловен објект, баш у тој нов мол!?

Случајно, нели? Додека вие немате да им дадете на вашите деца 100 денара за на голем одмор, нивните се милионери уште неиспилени!
Имајте го ова на ум во недела, кога ќе ги куткаме од власт овие корумпирани хоштаплери, напиша Апасиев, но за брзо време беше демантиран.

Би можело да ве интересира

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за трагедијата во Кочани