(ВИДЕО) Шилегов: Министерството за одбрана да го поништи спорниот тендер од 250 милиони евра

Од:

Организираниот грабеж на Македонија што го спроведуваа Никола Груевски и неговите соработници, како и задолжувањето на идните генерации продолжуваат. Министерството за одбрана спроведува постапка за набавка на оклопни возила во вредност од 250 милиони евра, вели Шилегов.

Исплатата треба да се одвива во период од 2018 до 2026 година.

Тоа значи дека во моментов, поради погрешните политики на власта, нема средства за исплата и оваа обврска се остава на идните три влади на Македонија. Со ова, на многу сериозен начин се оптоваруваат буџетите на наредните три влади на Македонија.

Негрижата на оваа власт доведе до тоа АРМ целосно да биде маргинализирана а нејзините припадници, војниците доведени во состојба да немаат најосновни работи.

Власта целосно го сруши достоинството на војниците на коишто им недостасуваат кондури, ќебиња, соодветно сместување, основен алат за работа.

Во тоа и самите се уверивме додека помагавме на луѓето во Стајковци и Ченто. Војниците немаа гумени чизми и ракавици за работа.

При оваа набавка, единствен критериум за најповолен понудувач е цената. За власта, небитен е квалитетот на оклопните возила ниту пак ангажирањето на домашни фирми во изработката или одржувањето на возилата.

Вредноста на набавката може да биде значително помала доколку се набават дел на репариани возила, со гаранција од производителот.

Потсетуваме дека од квалитетот на оклопните возила многу често зависи животот на нашите војници.

Затоа бараме, Министерството за одбрана веднаш да го поништи овој тендер. Особено имајќи во предвид дека се наоѓаме на три и пол месеци пред избори на кои ќе дојде до смена на власта.

Ваква набавка мора да биде спроведена многу посериозно.

При тоа, треба да се изработи техничката спецификација којашто ќе гарантира намалување на вредноста на набавката и зголемување на гаранциите за безбедност на војниците, но ангажирање на дел од домашнната индустрија во изработката и одржувањето на возилата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски