(ВИДЕО) Шилегов: Криминалната структура на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема поддршка ниту во сопствената партија

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува успешна 2018 година. Според него политичката состојба се стаблизира, а тензиите коишто ги имало вминатата година биле направено со цел да се заштити една криминална структура која, според него, повеќе нема поддршка ниту во сопствената партија.

„Политичката состојба во Македонија полека се стабилизира. Се смалуваат тензиите коишто непотребно беа направени заради обид да се заштити една криминална структура која што очигледно веќе нема поддршка внатре ниту во сопствената партија“, рече Шилегов за „Макфакс“.

Тој додаде дека оваа година очекува нормален политилки дијалог и нормална политичка комуникација меѓу политичките партии.

„Очекувам нормална комуникација затоа што граѓаните нам ни ја даваат довербата за да креираме услови за подобар живот за секој од нив, а не и така тешкиот живот да им го усложнуваме со тензии. Градската администрација интензивно работи и граѓаните на Скопје многу брзо ќе ги видат првите резултати од веќе две ипол месечото мое градоначалничување“, рече Шилегов кој присуствуваше на бадникарската прослава во Соборниот храм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Шилегов: Дрисла повеќе не го труе Скопје, инвестиравме во здравјето на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме по најновите технолошки стандарди, Скопје мора да продолжи напред

Ана Ололовска

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви

Ана Ололовска