Шилегов: Кисела Вода се развива заедно со Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, придружуван од градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски вечерва беше на маалска средба со граѓаните на Кисела Вода.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов наведе дека и во Кисела Вода и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти.

– Изминативе 4 години целосно ги реконструиравме улиците Антон Попов, Бихачка, Црниче Востаничка и Жарко Зрењанин. Изградивме кружен тек на раскрсницата на бул. Србија со ул. Христо Татарчев. Во завршна фаза влезе изградбата на ул. Есенинова, а започнавме и со изградба на бул. Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, истакна Шилегов.

– Само во Кисела Вода успеавме на местата на некогашните диви депонии да подигнеме над 22.000 метри квадратни нови паркови површини каде се засадени над 1000 садници. Ги реконструиравме средните градски училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница, додаде Шилегов.

Шилегов потенцираше дека дека СДСМ како и на секои избори па така и на претстојните ќе понуди најдобра кадровска и програмска понуда и тоа ќе биде препознаено од граѓаните.

– СДСМ постојано е со граѓаните и меѓу граѓаните, каде што е нашето место, презентираме што е сработено, но исто така и ги слушаме сугестиите на граѓаните за што може дополнително да се направи во наредниот период. СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Најдобриот затоа што сите општини се развиваат рамномерно, затоа што СДСМ има визија и концепт, затоа што реализирани се над 63 отсто од проектите кои СДСМ ги вети во изборните програми, посочи Шилегов.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он