„Никола Груевски потврди дека прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско – судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност“, изјави на денешната прес конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини на прислушуваните разговори.
Тоа го потврдува и молкот на неговите најблиски соработници, диригентите во судството, Мијалков, Ставрески, Јанкулоска.
Безуспешно Груевски се обидува со манипулации.
Од вчера јавноста стана сведок кој го урнисал уставниот поредок на Република Македонија. Тоа се Груевски и неколкумина негови соработници.
Меѓу нив, запрепастувачки е и Јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој е платен од граѓаните на Македонија да ги штити нивните интереси.
Зврлевски наместо да покрене постапка за скандалозното прислушување и упадот на извршната во судската власт, денеска со неговата изјава само потврди дека е партиски, а не јавен обвинител на Република Македонија“, изјави Шилегов.