Шилегов: Благодарност тешка 30 илјади евра од власта кон Диме Ратајковски

Од:

Главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија, Диме Ратајковски е дел од проект на којшто власта ќе додели 30.000 евра државни пари, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Од сите познати сценаристи, од сите продуцентски куќи во Македонита, ете токму документарниот филм во којшто сценариото го пишува послушен уредник на власта во МТВ, добива од Агенцијата за филм 2.000.000 денари или над 30.000 евра.

Ова е документот од страницата на Агенцијата за филм, чијшто линк во последниве неколку часа од оваа прес конференција не можеше да се отвори.

Од него се гледа дека Ратајковски ќе снима филм за птици насловен Боите на Преспа – Птици. Чудна спојка за еден историчар со наука за птиците.

Дали овие пари се “благодарам“ за послушноста на Диме Ратајковски?

На очиглед на целата јавност, МТВ, веќе 4-та година под палката на Ратајковски и неговите кадри во информативниот сервис, е претворена во партиско гласило на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од вработени во МТВ и провладината телевизија Нова на партнерот на Груевски Сеат Ибица, омилениот уредник на криминалната власт на Груевски, Ратајковски, освен националната телевизија МТВ ја менаџира и телевизија Нова.

30.000 илјади евра пари на граѓаните за проект на главниот уредник на МТВ Диме Ратајковски се уште еден доказ како власта корумпира медиуми и главни уредници и во националниот сервис.

Ете затоа МТВ работи во интерес на криминално корупциската власт, а не во интерес на граѓаните. Поради поединци кои дебело се богатат на грбот на другите вработени, додека на нив им лепат етикети “партиски војници“.

Затоа се неопходни медиумски реформи во предизборниот период. Вистински медиумски реформи ќе спроведе новата одговорна Влада што ќе добие чест да ja предводи СДСМ. МТВ ќе биде професионален медиум и вработените ќе бидат заштитени од притисоци.

Не може да се богатат Ратајковци за лични интереси на Груевци, а граѓаните кои плаќаат радиодифузна такса да слушаат лаги.
На ова му доаѓа крајот. А сите учесници во кршењата на законите, ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати