Шилегов: Арсовска да поднесе оставка, во мај да има избори и за Скопје

Од:

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и побара градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.

– Почитувана Арсовска, заминете си! Поднесете оставка! Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа), напиша Шилегов на Фејсбук.

Шилегов предлага на пролет да има избори и во Скопје.

– Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред. За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив. Човекот ја прави функцијата …, напиша Шилегов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК