Шестмина новозаболени од коронавирус во Македонија, уште 51 во изолација

Од:

Шест нови пациенти се позитивни на коронавирусот, а 51 патници кои доаѓале од Барселона во Скопје со лет на „Визер“ се во домашна изолација, откако на една патничка и е дијагностициран коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека бројот на заболени од Ковид-19 во земјава сега изнесува 18 лица.

Бројот на лица кои се во самоизолација се искачи на 300 лица, откако претходно, изолирани беа 40 од Дебар и околу 200 лица по дијагностицирањето на вирусот кај директорката на Клиниката за дерматологија, Нина Цаца Билјановска. Воедно, Центар Жупа и Дебар се под целосен карантин.

Останатите пет пациенти дијагностицирани денеска се од Дебар и биле во контакт со претходно заболените.

„Денеска се тестирани вкупно 12 лица, 8 во претпладневните, останатите во попладневните часови. Позитивни на коронавирусот се 6 лица. Една пациентка која стигнала со авионот на ‘Визер’ од Барселона, била свесна дека качила температура, патувала со заштитна маска и ракавици и сама се јавила на пунктот на аеродромот. Изолирана е, однесена е на Клиника за инфективни болести и тука е земен материјалот. На сите други 51 патници во авионот, дадено им е решение за домашна самоизолација, односно здравствен надзор. Тоа значи дека во нашата земја има вкупно 18 пациенти кои имаат коронавирус“, рече Филипче.

Новозаболените пациенти од Дебар, ќе се лекуваат во тамошната болница, рече Филипче.

„Вчера дијагностицираните пациенти од Дебар се донесени и хоспитализирани, заедно со новата пациентка која стигна од Баселона. На Клиниката има 13 пациенти, а петте нови од Дебар ќе останат дебарската болница, согласно планот за третман за новодијагностицираните лица во овој регион. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои можат да ги лекуваат овие пациенти, тие се со сосема лесна клиничка слика, налик на настинка. Од следните денови, уште еден специјалист ќе биде присутен во Дебар за да се појача капацитетот во однос на кадарот“, рече министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он