Шест сообраќајки во Скопје, едно лице полесно повредено

Од:

Едно лице е полесно повредено во една од вкупно шест сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 19 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се 56 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 74 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи, кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка