Шест скопски региони крадат струја колку што годишно трошат жителите на Охрид, Прилеп и Гевгелија

Од:

Околу 50 милиони евра е загубата на електрична енергија на годишно ниво, како последица на кражби со нелегани приклучоци. Од ЕВН за „А1он“ велат најпроблематични региони се Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава и Студеничани. Во просек, годишно во државата, преку ЕВН, околу 5% од испорачана електричната енергија се презема неовластено, односно се краде. 5% се околу 300.000 MWh.

„А1он“ направи пресметка, во која ако се земе дека едно семејство во просек на еден месец троши 500 KWh (киловат саати) струја, тоа би значело дека на годишно ниво тоа е 6.000 киловати. Ако 300.000 MWh (мегават саати) кои се крадат во Македонија, се поделат 6.000 киловати, може да се види дека со ова количество на струја на годишно ниво се снабдуваат 50.000 семејства. Доколку во просек, едно семејство го сочинуваат минимум три лица, тогаш, 50.000 семејства ќе преставуваат бројка од 150.000 жители. Со ова, се доаѓа до заклучок дека загубите на струја кои ги има ЕВН поради кражби се еднакви како потрошувачката во три градови со големина на Охрид, Прилеп и Гевгелија.

Од ЕВН за „А1он“ велат дека постојано работат на детектирање на кражба на електрична енергија. Покрај седумте места во Скопје каде има најголеми кражби, посочуваат: „Има и други региони со помалку детектирани кражби, но мерките и активности за сузбивање на кражбите, ЕВН континуирано спроведува успешни проекти за намалување на загуби, но само во деловите каде што постојат услови“.

„Многу успешни проекти имаме спроведено и сеуште се спроведуваат во Кумановско-Липковскиот регион, Тетово, Гостивар, Струга, Прилеп. Во дел од овие населени места, проблемот е решен со помош на општинските власти и не попречување на активностите во реконструкција на мрежата од страна на мештаните. Такви позитивни примери се проектите во Липково, Велешта, Чегрене, Градец, Желино, Селце и други“, додаваат од ЕВН.

Веќе два дена во континуитет се работи на спречување на кражби на електрична енергија во Арачиново. Таму, ЕВН има 80% загуби на електрична енергија како последица на кражби.

„Екипите на Електродистрибуција од вчера ги започнаа активностите за реализацијата на првата фаза од планот. Во оваа фаза се прави инспекција на мрежата по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања. Процесот е во почетна фаза којашто не дозволува да се донесат конкретни заклучоци . Според планот на реализација, реконструкцијата би требало да трае со месеци па дури и повеќе од година дена“, велат од ЕВН.

„А1он“ праша во ЕВН, дали секогаш се поднесуваат кривични пријави поради кражба на струја, вклучително, дали истото ќе биде направено и за Арачиново, на што одговорија: „Законите важат за сите граѓани во државата, така што секако дека ќе постапиме согласно истите низ целата територија на државата. Кражбите се идентификуваат на терен и се поднесува соодветна пријава во МВР“.

Прашањето за кражбата на електричната енергија одново се актуелизираше откако ЕВН го остави во мрак Арачиново, како последица на голем дефект поради оптоварување на трафостаниците поради кражбите кои биле правени. По два дена, арачиновци протестираа за да им ја вклучат струјата. По интервенција на министерот за економија, Крешник Бектеши, а само поради ветување на жителите, Арачиново доби струја. Екипи на ЕВН без полциска асистенција влегоа во овој дел на Скопје, каде затекоа куп нелегални кабли како од трафостаниците се протегаат до куќите. Преку нив, се вршела кражбата на струјата.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто