Шест санкции за вршење меѓународен превоз без лиценца

Од:

Во периодот од 21 часот вчера вечер до 03 часот по полноќ во близина на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции сопрени биле шест патнички возила- комбиња кои вршеле јавен меѓународен превоз на патници без лиценци и друга соодветна документација, информира МВР.

Како што соопштува МВР, било сопрено возило “мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.А., во кое се превезувале осум патници, возило “пежо партнер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано до Л.А., во кое се превезувале тројца патници, возило “фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.П., во кое се превезувале осум патници, возило “фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.П., во кое се превезувале осум патници, возило “мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А., во кое се превезувале осум патници и возило “фолсваген каравел“ со италијански национални ознаки, управувано од Б.М.(со регулиран престој во Италија) во кое се превезувале шест патници.

Од страна на полициските службеници од ОГРМ во соодејство со Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски преземени се соодветни мерки и активности, возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни пријави:

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари