А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шест пати повеќе прекршувања на работничките права од пријавеното кај инспекторите

by А1он11/10/2019 - 09:5211/10/2019 - 14:14356
Share0

Невладините организаци од источниот регион евидентирале значително поголем број прекршувања на правата на работниците во однос на поднесените пријави во Инспекторатот за труд што влијае врз намалувањето на работната сила и нејзино заминување од државата.

Добивај вести на вибер

Анализите што во рамки на проектот „Граѓанинот е најдобар инспектор“ ги направиле невладините организации „ИНИ“ од Виница и „Надеж“ од Македонска Каменица покажале дека крeирањето добра бизнис клима и фер работни односи се главен предуслов да се спречи миграцијата и иселувањето на млади работоспособни лица од регионот. Добиените податоци за непочитувањето на законските одредби за заштита на правата на работниците се загрижувачки поради впечатокот дека постапувањата на надлежните органи не се соодветни на состојбата на терен.

– Согласно податоците што ги имаме од граѓанскиот сектор, бројот на прекршени работнички права е дури за шест пати поголем во однос на пријавувањата и постапувањата од Инспекторатот за труд. Сакаме да им укажеме на граѓаните, односно на работниците дека фирмите постојат за тие да ги имплементираат своите вештини и да заработуваат достоинствено. Од друга страна, во соработка со бизнис секторот, треба да најдат заеднички јазик и форма за да се обезбеди поголема продуктивност, истакна Зоран Биковски, експерт по трудово право.

Според Биковски, со доаѓањето на странски инвеститори, каков што е примерот со неколку фирми во Кочани, може да се забележи извесно подобрување на бизнис климата поради што работници од соседните помали градови бараат вработување овде. Сепак, нагласи дека останува обврската на Инспекторатот да биде во служба на граѓаните, да постапува превентивно и да обезбеди услови работната сила да остане во државата.

По одржувањето на дебатите во Делчево, Македонска Каменица, Виница и Кочани, двете невладини организации ќе ја продолжат кампањата за подигање на јавната свест за заштита на работничките права со трибини и во Штип и Пробиштип.

Забелешките и заклучоците од одржаните работилници во шесте градови ќе бидат доставени до Министерството за економија и до Министерство за труд и социјална политика, пред изготвувањето на новиот Закон за работни односи.

rabotnicki prava

Би можело да ве интересира

Синдикатот бара на определено време да се работи најмногу една година, а породилното да трае 12 месеци

Жарко Настоски03/06/2021 - 17:3503/06/2021 - 20:02

Прилеп: Зачестија трудовите инспекции, а состојбата со кршењето на работнички права не се менува

Жарко Настоски05/03/2021 - 18:31

ССМ и Инспекторатот за труд ги повикуваат работниците да ги пријават газдите кои го кршат законот

Жарко Настоски22/02/2021 - 16:17

Шахпаска на средба со „Гласен текстилец“: Работниците да го пријават секое прекршување на нивните права

Катерина Ѓуровски27/11/2020 - 17:56

Запознавање на граѓаните со нивните работнички права

Ана Ололовска30/11/2016 - 11:3630/11/2016 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен