Шахпаска на средба со „Гласен текстилец“: Работниците да го пријават секое прекршување на нивните права

Од:

Почитување и унапредување на правата на работниците, како и усвојување целосно нов и усогласен закон за работни односи кој ќе ги одразува потребите и на работниците и на работодавачите се дел од најважните приоритети за Министерството за труд и социјална, порача ресорната министерка, Јагода Шахпаска на денешната средба со Кристина Ампева, од Здружението „Гласен текстилец“.

На состанокот, на кој се зборуваше и за институционална и ефикасна заштита на работничките права, особено во услови на КОВИД-19, присуствуваше и директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.

-Работничките права и законите кои нив ги регулираат мора да се почитуваат и од тоа нема отстапување. Постојано сме во директна комуникација со Здружението „Гласен текстилец“, со претставниците за синдикатите и ги охрабруваме работниците секое непочитување на нивните права да го пријават до надлежните институции. Само на тој начин можеме ефикасно и одговорно да постапуваме, рече министерката Шахпаска.

Соговорничките се согласија дека е постигнат значаен напредок во заштитата на правата на работниците, но дека на ова поле има уште простор за работа, особено е неопходно да се охрабрат работниците да го кренат својот глас секогаш кога се прекршени нивните права.

-Изедначувањето на минималната плата во текстилната и кожарската индустрија, како и во индустријата со обувки со останатите сектори што го постигнавме како Влада е од исклучително значење. Минималната плата изминатиот период од 9.000 денари се покачи на 14.900 денари, а тенденцијата е да расте, веднаш откако ќе биде надмината кризата што ја наметна пандемијата КОВИД-19, нагласи Шахпаска.

Би можело да ве интересира

„Гласен Текстилец”: Носењето на измените на Законот за работни односи пораз за работниците, синдикатите и за нас како организација

Ана Ололовска

„Гласен Текстилец“: Предлог-измените во Законот за работни односи на штета на работниците

Горан Наумовски

Во Португалија работниците кои имаат деца под 12 години нема да работат за викенд

А1он

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

А1он

„Гласен текстилец“ ќе го оспори Законот за недела неработен ден

Ана Ололовска

Синдикатот бара на определено време да се работи најмногу една година, а породилното да трае 12 месеци

Жарко Настоски