ССМ и Инспекторатот за труд ги повикуваат работниците да ги пријават газдите кои го кршат законот

Од:

Работниците треба да се охрабрат и да ги пријавуваат сите прекршувања од работен однос, заклучиле денеска на заедничка средба претставници од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На состанокот, што се одржал во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, договорено е зајакнување на соработката меѓу синдикатот и Инспекторатот за труд во насока на постапување по пријавите на работниците, а со поддршка на Меѓународната организација на трудот, ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе започнат активност со која работниците, преку ССМ ќе добиваат правна за остварување на нивните работнички права.

– ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе се ангажираат во следниот период да ја вратат довербата во институционалното разрешување на проблемите на работниците и враќање на сигурноста на работничките права, се вели во соопштението од ССМ.

На состанокот присуствувале претседателот на ССМ, Дарко Димовски, директорката на ДИТ Јована Тренчевска, координаторот на Канцеларијата на МОТ, Емил Крстановски и Наташа Мечкароска-Симјаноска, проектен координатор на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“.

Би можело да ве интересира

Нов раст на минималната потрошувачка кошница

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест