Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на свеченост во Музејот на македонската борба за самостојност ќе одликува шест македонисти со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, ќе бидат одликувани македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет и постхумно Јежи Русек, Кшиштоф Вроцлавски и Далибор Брозовиќ.