Претседателот Пендаровски одликуваше шестмина македонисти со Медал за заслуги за Република Македонија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија што се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност ги одликуваше македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет, Јежи Русек (постхумно), Кшиштоф Вроцлавски (постхумно) и Далибор Брозовиќ (постхумно) со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

Златко Крамариќ се одликува за неговиот непроценлив придонес за афирмацијата на македонскиот јазик и на македонската култура, за неговата амбасадорска дејност во поврзувањето на македонските и хрватските научни институции, како и во приближувањето на Република Северна Македонија кон евроатлантските иницијативи.

Зузана Тополињска се одликува за непроценливиот придонес за афирмацијата на македонскиот јазик и на македонската култура, како една од најактивните македонисти чиишто научни трудови се поттик за голем број домашни и странски научници.

Јоуко Линдстет се одликува за неизмерниот придонес за македонскиот јазик и за македонската култура при што остави траен белег како еден од најистакнатите македонисти во скандинавските земји.

Јежи Русек постхумно се одликува за исклучителниот придонес во развојот и одржувањето на студиите по македонски јазик и литература на Универзитетот во Краков со што придонесе за афирмација на македонскиот јазик. Неговите научни трудови и конференции и денес претставуваат поттик за младите генерации на македонисти.

Кшиштоф Вроцлавски постхумно се одликува за непроценливите заслуги за македонистиката и за посветеното проучување и истражување на македонскиот фолклор и на македонската народна раскажувачка традиција.

Далибор Брозовиќ постхумно се одликува за исклучително значаен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик и неговите дијалекти, со што ја задолжи македонската култура и македонската лингвистика ревносно промовирајќи ја на меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат