Медал за честа за пилотот кој учествуваше во апсењето на Мадуро

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на обраќањето за состојбата на нацијата, му додели Медал на честа на пилотот Ерик Словер, кој учествуваше во операцијата за апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Словер, 45-годишен пилот на американската армија, беше ранет во ногата за време на операцијата во Каракас на почетокот на јануари, но успешно го пилотираше хеликоптерот и им овозможи на командосите да ја извршат мисијата, спасувајќи ги животите на своите другари, објави NBC News.

Медалот му беше врачен во средата пред конгресна публика, што е невообичаено бидејќи обично се доделува за време на церемонија во Белата куќа, според американската телевизиска мрежа.

Трамп ја пофали неговата храброст и упорност, истакнувајќи дека способноста на Словер да ја задржи контролата врз ситуацијата и покрај болката била клучна за успехот на мисијата.

Медалот за чест се доделува на војници кои „впечатливо демонстрираат храброст и непоколебливост, ризикувајќи ги своите животи надвор од повикот на должноста“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Го прашав Путин `Дали ќе ja нападнеше Украина ако јас бев претседател?`, одговори `Не`

А1он

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он