Мемети одликуван со Орден за граѓански заслуги од Хуан Карлос Први

Од:

На народниот правобранител,  Иџет Мемети, на посебна свеченост што се одржа во резиденцијата на амбасадата на Кралството Шпанија,  заменик амбасадорот на оваа земја г-ѓа Естер Мартин Падрон му  врачи „Орден за граѓански заслуги“ кој со кралски указ му беше доделен од страна на кралот на Шпанија Хуан Карлос Први.

Орденот доаѓа како резултат на залагањата на омбудсманот  во  заштитата и одбраната на фундаменталните права на граѓаните.

„За мене ова одликување не е само поттик, туку и патоказ дека во вршењето на мојата функција сум одел во вистинската насока. Голема е честа кога човек по втор пат ќе почувствува дека му се вреднувани сите напори, кои ги дал со цел да помогне во почитувањето, остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, а со тоа и за развојот на демократизацијата на општеството. Ова воедно е признание и за отвореноста и поддршката што ја имам од сите релевантни институции“,  рече Мемети .

Според  заменик амбасадорот Падрон одликувањето е резултат на долгогодишната работа на народниот правобранител, Мемети на полето на заштитата на човековите слободи и права.

„Вие вашата функција низа години ја извршувате професонионално, непристрасно, а резултатите се повеќе од очигледни. Сметам дека овој орден  меѓу другото  е признание и за вашите лични квалитети“ рече Падрон.

Би можело да ве интересира

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Шест македонисти ќе бидат одликувани со Медал за заслуги за Република Македонија

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници