Шест лица заболени од шуга, две од варичела во транзитниот центар Табановце

Од:

 Шест лица сместени во транзиниот центар Табановце се заболени од шуга, а две лица се заболени од варичела, изјави денеска доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје и нагласи дека заболените се прегледени од дерматовенеролог во дисперзираната амбуланта во центарот во Табановце, доделена им е терапија, а лицата со кои имале контакт, се изолирани и се преземени мерки пртив понатамошно ширење на болеста.
 
Заболените од шуга се на возраст од 13 до 34 години и едно е дете до една година, додека заболените од варичела се на возраст од 5 и 8 години.
 
– Тимовите од Центарот за јавно здравје, специјалисти по хигиена и епидемиолози спроведуваат санитарно-хигиенско-епидемиолошки увид во центарот и два пати дневно се спроведува дезинфекција  на просторот и објектите во центарот и се спроведуваат задолжителни процедури за зголемена хигиенизација на центарот,како и отстранување од комуналниот отпад, изјави Стаменковска.
 
Доктор Абдул Салам Сабух од Црвениот Крст, од транзитниот центар Табановце, изјави дека состојбата е под контрола, има доволно лекови, гелови, креми и шампони за лекување на заболените.
 
– Даден е третман на сите заболени кои се дијагностицирани од страна на лекарите  и кои се евидентирани во посебен список, според возраста, земјата од каде доаѓаат и дадената терапија.Евиденцијата  е доставена до Центарот за јавно здравје Куманово, изјави доктор Сабух.
 
Инаку, вчера во центарот  имало вкупно  1.349   мигранти, од кои 1.010 во  кампот и 339 на  гранична линија помеѓу Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“